ФОТО | ‘Новата Марија Шарапова’ отвори профил на познатата платформа за возрасни – го освои Вимблдон без загубен сет, па наместо да игра тенис, се соблече ‘гола’!
Софија Жук ја прекина спортската кариера затоа што отвори профил на познатата платформа за возрасни OnlyFans, бидејќи вели дека и е поисплатливо!
Оваа девојка некогаш беше голема тениска надеж, освои една титула на Вимблдон, а потоа реши да прекине со тенисот и да се посвети на OnlyFans, како и на социјалните мрежи.
Русинката Софија Жук го достигна врвот на својата тениска кариера на само 15 години кога го освои јуниорскиот Вимблдон во 2015 година. Таа е родена 1999 година и беше голема ѕвезда на јуниорскиот тенис, ја споредуваа со Марија Шарапова и предвидуваа дека ќе владее со светскиот тенис. Сепак, повредите не и дозволија да блесне.
По неколку повреди на грбот, најдобар пласман на 116. место на ВТА листата и 400.000 долари освоени од тенисот, таа реши да ја заврши кариерата. Веќе во 2020 година се откажа од тенисот, а сега отвори профил на познатата платформа за возрасни OlnyFans.
„Можеби ќе се вратам за неколку години. Се занимавам со манекенство, но сакам да работам нешто друго на страна. Дојде моментот што го чекавте. Отворив профил на OnlyFans. Ќе има интересна соодржина. Нема да има многу голотија, затоа не се радувајте, но ќе има интересна содржина. Линкот ќе го објавам кога се ќе биде готово“, напишала таа во објава на социјалната мрежа Инстаграм под фотографијата во бела долна облека.
Таа веќе беше многу активна на социјалните мрежи Инстаграм и Тик Ток каде ја следат над 200.000 луѓе, а останува да видиме дали некогаш ќе му се врати на тенисот. Таа го освои споменатиот јуниорски Вимблдон без загубен сет, а во сениорската кариера имаше 123 победи и 66 порази.