Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко постави нови знаци околу центарот на градот за забрана за шетање низ чаршијата по костими и шорцеви за капење. Оваа одлука била донесена без Советот на Општина Струга.
Одлуката за поставување на овие знаци е објавена на официјалната фејсбук-страница на Општина Струга.
Граѓаните на Струга се поделени – едни сметаат дека е добро по шеталиштето да се почитува јавниот ред, други пак велат дека не смее да има ваква забрана во туристички центар како Струга.
![](https://vocentar.com/wp-content/uploads/2023/07/image-396-486x1024.png)