ФОТО | Новогодишната елка на Наташа Беквалац е совршено решение за сите вас: Нема ниту еден украс, а сепак е магична – за овој “луксуз“ потребни ви се само две работи

Куклата од Нови Сад“, како што многумина сакаат да ја нарекуваат, е подготвена за новогодишните празници и го украси својот дом во празничен стил. Наташа Беквалац неодамна го реновираше својот стан на Дедиње во Белград, кој го направила од под до плафон по сопствена мерка, но и по потребите на семејството. Секое катче е совршено испланирано, преовладуваат нежни нијанси, без претеран кич. Едноставно зрачи удобност, а за тоа сведочат нејзините објави на социјалните мрежи.

Како што се наближува Новата Година, и Наташа Беквалац решила како и сите други навреме да го украси домот и елката. Како и секоја година така и оваа се потруди таа да биде во тек со трендовите кога е во прашање украсувањето на елката. Многу медиуми пишуваат за необичниот дизајн на елката на Наташа Беквалац – совршен, но без ниту еден украс. Златните врвки паѓаат по целата новогодишна елка и му даваат на просторот луксузен изглед.

Наташа Беквалац денес на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм објави како поминал процесот на украсување, што може да послужи како инспирација за секој од вас. Ви требаат само две работи. Сијалици и златни врвки што може да се најдат во цвеќарите.

новогодишната елка на Наташа Беквалац

Најпрво поставете ги светилките околу елката, а потоа украсете ги гранките со златни врвки. Светлината на златната боја ќе даде дополнителен шмек и ќе ја осветли целата ваша соба. Кога ќе се запалат светлата, имате на „луксузна“ елка. Под дрвото секогаш можете да ставите подароци во иста сенка. Едноставно, а сепак луксузно и гламурозно.