ФОТО | Обожавателите загрижени, познатата актерка е на праг на анорексија: Атрактивната русокоса има само 48 години, а на телото и се исцртани сите коски

Актерката Тара Рид, која многумина ја паметат како атрактивната русокоса Вики Латам од „American Pie“, го прослави својот 48. роденден, а на забавата дојде со речиси 10 години помладиот дечко Нејтан Монпети-Хувар и за оваа прилика облекла розов светкав, мини фустан.

Со розев фустан кој го открива деколтето, но и нозете, високите потпетици ги спои во боја на кожа.

Тара Рид и Нејтан Монпети-Хувар

Фустанот што го избра за оваа пригода е привлечен, но незавидната форма на оваа актерка го привлече вниманието на многумина. Се чини дека таа од ден на ден станува послаба. Косата и кожата и се прилично суви и ненахранети, што е една од последиците на луѓето кои имаат анорексија – нарушување во исхраната.

Таа е толку тенка што нејзиното колено изгледа пошироко од целата горна нога, а вратот и телото и изгледаат прилично тенки, толку многу што и се исцртани сите коски. 

Инаку, оваа актерка светската слава ја стекна со улогите во филмовите како „American Pie“, „Sharknado“ и „The Big Lebowski“.

За потсетување, Тара Рид неодамна призна дека животот со Нејтан Монпети-Хувар за време на карантинот во Калифорнија бил предизвикувачки бидејќи и двајцата имале доста напорен распоред, а овој пат поминале многу време заедно дома. Иако не звучи како најсреќна и најидеална врска, љубовниците се заедно веќе две години.