ФОТО | АВТОМОБИЛОТ Е ЦЕЛОСНО УНИШТЕН – Страшни сцени од сообраќајката во која учествуваше хрватскиот министер: Марио Баножиќ тргнал на лов, а возачот на комбе загинал

Mинистерот за одбрана на Хрватска, Марио Баножиќ, утрово доживеа сообраќајна несреќа во која едно лице загина, соопшти официјално Министерството за одбрана на Хрватска.

Во утринските часови во саботата, 11.11.2023 година, на државниот пат ДЦ-55 на излез од Винковци кон Жупања се случи сообраќајна незгода во која учествувале министерот за одбрана Марио Баножиќ со неговото лично возило и возач на комбе. Возачот на комбе за жал го загуби животот“, се вели во соопштението до јавноста, пренесуваат хрватските медиуми.

На Марио Баножиќ му била укажана докторска помош во општата болница во близина на Винковци.

Истрагата што ја води заменикот на државно обвинителство во Винковци е во тек“, соопшти Министерството за одбрана на Хрватска.

Хрватската полиција соопшти дека утрово во 6 часот и 15 минути е пријавена за сообраќајна незгода на државниот пат ДЦ-55 на излезот од Винковци кон Жупања, во која учествувале комбе и автомобил.

Според соопштението на хрватската полиција, во сообраќајната несреќа загинал возачот на комбето, додека возачот на приватното возило (државен службеник) поради повредите е пренесен во општата болница, пишува Index.hr.

Делницата Винковци-Жупања на државниот пат број ДЦ-55 е затворена за сообраќај, соопшти полицијата, пренесуваат тамошните медиуми.

Според Index.hrМарио Баножиќ бил сам во автомобилот. Тој отишол на лов и во моментот на несреќата носел ловечко одело.

Владиниот портпарол Марко Милиќ соопшти дека министерот за одбрана се здобил со тешки телесни повреди, но неговиот живот е надвор од животна опасност.

Министерот има сериозни физички повреди, според првите проценки на докторите, неговиот живот е надвор од животна опасност“, изјавил Марко Милиќ.

Тој изјави и дека на Марио Баножиќ му била укажана докторска помош во општа болница во близина Винковци и дека ќе биде префрлен во Осиек.

Поради тежината на повредите Марио Баножиќ ќе биде префрлен во КБЦ Осиек, потврдија од болницата во Винковци каде Марио Баножиќ е хоспитализиран по несреќата. Од болницата не соопштуваат со какви повреди се здобил министерот Марио Баножиќ, само дека се посериозни и дека во текот на денот ќе биде пренесен од Винковци во КБЦ Осиек на понатамошно лекување.

Марио Баножиќ
Марио Баножиќ