ФОТО | ОВА ГО ИМА САМО НА БАЛКАНОТ – Го паркирал автомобилот пред туѓа капија и го блокирал влезот, а потоа сопственикот сурово му се одмаздил!

Фотографијата од автомобил паркиран пред влезот во дворот не би била необична доколку автомобилот не бил врзан за капијата на дворот.

На автомобилот под бришачот било оставена пораката: „Го заклучив вашиот автомобил затоа што ни го блокираше влезот!“, а фотографијата е објавена на социјалната мрежа Фејсбук.

Локацијата на настанот не е позната, а реакциите се различни. Додека некои се смееја на „казната“ за непрописно паркиран автомобил, имаше и такви кои го осудија однесувањето на сопственикот на дворот бидејќи сметаат дека некој од пешаците може да се повреди доколку не гледа убаво.