ФОТО | “ОВА Е ПРЕМНОГУ, ОВА Е ГАДНО!“ – Голата честитка на Кортни Кардашијан до нејзиниот сопруг ги згрози обожавателите

Познатата ријалити-ѕвезда, Кортни Кардашијан (44 г.), му напиша слатка роденденска порака на својот сопруг Тревис Баркер за неговиот 48 роденден.

На мојот сопруг, мојата сродна душа, мојот најдобар пријател, мојот љубовник, таткото на мојот мал син, моето се – му посакувам најсреќен роденден. Ти ги остваруваш сите мои соништа и се чувствувам многу благословено што те имам покрај мене. Те сакам повеќе отколку што можат да кажат зборовите, засекогаш“, напиша Кортни Кардашијан заедно со серија фотографии објавени на социјалната мрежа Инстаграм кои всушност се интимни кадри од двајцата.

Тапанарот на рок бендот Blink-182, Тревис Баркер и одговори во коментар.

Те сакам засекогаш моја сродна душа“, напиша тој.

Според коментарите, се чини дека не сите обожаватели беа воодушевени од објавата.

Кортни Кардашијан и Тревис Баркер
Кортни Кардашијан и Тревис Баркер
Кортни Кардашијан и Тревис Баркер

На некои од фотографиите од објавата Кортни Кардашијан и Тревис Баркер се без кошула, а на некои тој и ги покрива градите со рацете, па дури и ја држи раката во панталоните, што многумина го сметаа за непримерно за објава на социјалната мрежа Инстаграм.

Ова се фотографиите што треба да ги задржите за себе“, „Ова се најчудните бремени фотографии што некогаш сум ги видел“, „Со сите пари што ги имате, може да направиш соодветни фотографии за бременоста ?“, „Ова веќе е многу“, гласат некои од коментарите.

И мајката на Кортни КардашијанКрис Џенер (68 г.) му го честиташе роденденот на Тревис Баркер.

Толку прекрасен татко, сопруг, пријател, син и вујко“, напиша таа во објава на социјалната мрежа Инстаграм за музичарот, додавајќи: „Ти благодарам што ја правиш Кортни толку среќна секој ден. Те сакам и ти посакувам магичен ден денес!

слика

На почетокот на овој месец, Кортни Кардашијан и тапанарот на бендот Blink-182 го добија синот Роки ТринаесетКортни Кардашијан веќе ги има синовите Мејсон (13 г.) и Рејн (8 г.) и ќерката Пенелопе (11 г.) со поранешниот партнер Скот Дисик. Тревис Баркер е татко на Лендон (20 г.) и Алабама (17 г.), кои ги има со Шана Моаклер