Погледнете ја драматичната снимка: Армијата на Израел го уништи парламентот во Газа, зградата се урна како кула од карти (ВИДЕО)

Израелската армија (ИДФ) денеска ја урна зградата на парламентот во Газа, пренесува Тајмс оф Израел.

Наводно, видеата објавени на социјалните мрежи го покажуваат моментот на експлозијата.

ИДФ претходно соопшти дека зазеле голем број владини згради на Хамас во градот Газа, вклучувајќи го парламентот, владиниот комплекс и полицискиот штаб.

Како што беше претходно објавено, израелски тенкови и воени возила влегоа „во дворот на болницата Ал-Шифа“, изјави за Си-Ен-Ен Кадер Ал Заноун, известувач на палестинската новинска агенција Вафа.