ФОТО | Од скромен живот во мал град во Словенија до најпозната жена во светот: Еве како изгледала Меланија Трамп без сите операции и кога немала пари
Меланија Трамп, поранешна манекенка и прва дама на Соединетите Американски Држави (САД), е родена во Словенија во 1970 година, а државјанка на САД станала во 2006 година. Тоа значи дека таа е само втората прва дама по ред во САД, која е родена во странство.
Детството го поминала во „заспаната“ индустриска зона на Севница во скромен стан. Таа сега живее во луксузниот имот – „Мар-а-Лаго“ и помина четири години во Белата куќа, а нејзиното патување до луксузот не беше многу долго. Многу брзо убава манекенка од Словенија успеа да го „освои“ светот.
Родена во 1970 година во Севница, Словенија, Меланија Кнавес успеа да стане прва дама на САД, но нејзиниот пат до Белата куќа беше сè само не стандарден. Израсната во скромно семејство каде татко и Виктор бил продавач на автомобили, а мајка и Амалија дизајнерка, Меланија Трамп студирала дизајн и архитектура во Љубљана пред да потпише договор со модна агенција во Милано на само 18 години.
Еве како изгледала таа во адолесценцијата кога сè уште живеела во Словенија.
Нејзината манекенска кариера започна на модните писти во Европа, но се здоби со глобално признание на модната недела во Њујорк. Таму, во 1998 година, таа го направила судбоносното познанство со Доналд Трамп на една забава.
Тие се венчаат во 2005 година, а во 2006 година го добија синот Барон. Меланија Трамп, сепак, беше под лупа за време на претседателската кампања на Доналд Трамп во 2016. Таа беше обвинета за плагијат на говорот на Мишел Обама и се соочи со критики за нејзината мината манекенска кариера.
Иако е прва дама на САД, Меланија Трамп се оградува од политичките дискусии, нагласувајќи дека политиката е работа на нејзиниот сопруг. Нејзиното патување од еден мал град во Словенија до Белата куќа е интригантен дел од современата политичка и социјална историја на САД.