ОБЈАВЕНИ НОВИ ДЕТАЛИ ЗА СМРТТА НА КОБИ БРАЈАНТ – По цели три години во јавноста се појави обдукцијата, а еве што открива истата

Коби Брајант трагично загина во јануари 2020 година во хеликоптерска несреќа заедно со неговата ќерка Џана и уште седум други луѓе во Калифорнија. Три години подоцна во јавноста се појави извештајот од обдукцијата на еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, а откриени се некои нови, вознемирувачки детали.

Хеликоптерот се запалил за време на падот и за жал ниту еден од патниците немал шанса да преживее, но доколку тоа не се случило мали биле шансите Коби Брајант сепак да го преживее падот. Ова го потврдува и обдукцискиот извештај. Во него се наведува дека Коби Брајант се здобил со сериозни повреди на главата, белите дробови, стомакот, како и сериозни повреди на вратот, рбетот и мозокот… Се наведува и дека ги загубил десната рака и левата нога. Според овој извештај, Коби Брајант бил мртов уште пред да се запали хеликоптерот.

Извештаите на другите патници не се објавени, барем не јавно, но се претпоставува дека и тие претрпеле слични повреди како Коби Брајант и дека, за жал, никој од нив немал шанси да преживее. Многумина се збогуваа со него низ годините, а исто така е откриено дека статуа во негова чест ќе биде откриена пред салата на Лос Анџелес Лејкерс на 8. февруари 2024 година.

Да потсетиме, по падот на хеликоптерот, во јавноста брзо се појавија фотографии на кои се гледаат изгорени тела, па поради тоа Ванеса Брајант го тужеше Лос Анџелес, бидејќи полицајците ги споделиле тие фотографии. Таа ги доби на суд и градот ќе треба да плати отштета од 15 милиони долари на семејството.