Спротивставените страни во Судан договорија тридневен прекин на огнот

 – Суданската војска и паравоената група Сили за брза поддршка потпишаа договор за прекин на огнот во траење од 72 часа, соопшти Министерството за надворешни работи на Саудиска Арабија, известува Анадолу.

Договорот стапи во сила денес во 6 часот по локално време.

Страните ќе избегнуваат користење на борбени авиони и беспилотни летала, артилериски оган и какви било активности за воено снабдување во текот на прекинот на огнот, а во исто време ќе ги олеснат напорите за давање хуманитарна помош.

Судан од средината на април се наоѓа во воен судир меѓу војската и паравоената група Сили за брза поддршка. Речиси 1.000 цивили загинаа, а илјадници се ранети во насилството спроведено во изминатиот период.

Меѓународната организација за миграции (ИОМ) проценува дека над 2,2 милиони луѓе се раселени поради тековните судири во Судан.