Спасовски: Намалување на криминалот во Охрид и Струга споредбено со лани

 – Вкупниот криминал на подрачјето на СВР Охрид во изминатите пет месеци од 2023 година, споредбено со истиот период претходната година, бележи намалување за 22 проценти, објави на фејсбук министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Во делот на тешките кражби, како што наведува, во текот на 2023 година, бележиме намалување за 38 проценти, споредбено со истиот период лани.

– Класичниот криминал на територија на СВР Охрид во првите пет месеци од 2023 година бележи намалување 20 отсто. споредбено со истиот период 2022 година, стои во објавата.

Дополнува дека бележиме намалување и во делот на економскиот криминал каде годинава, во споредба со првите пет месеци од минатата, имаме намалување за цели 38 проценти на територија на СВР Охрид.

– Позитивен тренд се бележи и во областа на сообраќајот каде имаме намалување на бројот на сообраќајни незгоди. Од страна на СВР Охрид во првите пет месеци во текот на 2023 година реализирани се 52 настани за превенција, пишува министерот.

На подрачјето на ОВР Струга, исто така, во првите пет месеци од 2023 година компаративно со истиот период лани, бележиме намалување за 28 проценти на вкупниот број регистрирани кривични дела.

-Во областа на класичниот криминалитет пак оваа година имаме намалување за 31 проценти споредбено со минатата година, стои во објавата на министерот Спасовски.