ФОТО | ОД ШТО СЕ ПЛАШИ ВЛАДИМИР ПУТИН !? Кремљ објави бизарна фотографија од состанок на претседателот на Русија која се прошири како шумски пожар: “Па каква е оваа маса !?“

Претседателот на Русија, Владимир Путин, оваа недела одржа состанок со водачите на различни верски заедници на голема маса, што му овозможи да држи значително растојание, како што тоа редовно го правеше во последниве години, кога исто така се среќаваше со странски претставници на овална маса околу пет метри долга, наводно поради страв од инфекција со вирусот Ковид-19.

Поранешен член на обезбедувањето во Кремљ претходно оваа година откри дека Владимир Путин е претседател што се „самоизолира“ и дека дури и персоналот на Кремљ мора да почитува строг двонеделен карантин пред секој настан, дури и најкраткиот.

На состанокот со руските верски водачи во Кремљ, Владимир Путин беше единствениот човек кој седеше на едната страна од големата правоаголна маса, додека 12 други луѓе се натрупани околу другата страна, без никакви мерки за оддалечување. 

Меѓу присутните беше поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил, големиот муфтија на Русија и претседателот на Централната духовна управа на муслиманите, Талгат Таџудин, како и претседателот на Верскиот комитет на муслиманите на РусијаРавил Гајнутдин, поглаварот на будистичката традиционална Санга од РусијаПандито Камбо Лама Дамба Ајушеев, водачи на Ерменската апостолска црква, Руската православна црква на стариот обред и Унијата на христијани од евангелска вера (Пентекосталци).

Владимир Путин на средба со водачите на различни верски заедници во Русија

Секако, оддалеченоста на Владимир Путин резултираше со бројни коментари на социјалните мрежи.

Владимир Путин се среќава со претставници на различни верски заедници во Кремљ. Неговата позиција на маса зборува многу. Дали ви изгледа ова како базен ?“, напиша Антон Герашченко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи, на својот профил на социјалната мрежа Х (Твитер).

Да потсетиме, тој еднаш кажа дека оддалеченоста на Владимир Путин од другите сугерира дека рускиот претседател е „преплашен“ од сопствениот народ.