ФОТО | ПАНИКА ВО УКРАИНА – Властите во Харков со вонредно предупредување: “Итно евакуирајте го градот и околината, Русите се во опасна офанзива!“

Локалните власти околу украинскиот град Купјанск во областа Харков денес издадоа наредба за задолжителна евакуација од градот и околните области поради интензивното руско гранатирање на областа, јавувува CNN.

Во последниве недели, Русија ги засили напорите за повторно заземање на Купјанск, кој украинските сили го презедоа во септември минатата година. Во наредбата се наведува дека е најавена задолжителна евакуација за жителите на градот, како и на Заоскил, кој се наоѓа на источниот брег на реката Оскол.

Руските напаѓачки единици ги подобрија своите позиции во Купјанск“, изјави портпаролот на Министерството за одбрана на Русија, генерал-полковник Игор Конашенков, пренесе ТАСС.

Купјанск, Харков, Украина

Во последните недели, руските сили ги интензивираа напорите да ги пробијат линиите на украинскиот фронт источно од реката Оскол и ја зголемија фреквенцијата на воздушни напади и артилериски напади врз населените места од двете страни на реката.