ВИДЕО | Кинезите со дронови гаснат пожар

Кинезите гаснат пожар во висококатница со помош на дронови.

Три дронови гаснат пожар во кинеската провинција Шанкси. Видеото со кинеските дронови како гаснат пожар, на Твитер го сподели сајтот Шаринг Травел, со опис „противпожарната бригада во Шанкси пробува нови играчки“. Дроновите зграда ја полеваат со вода преку цревото прикачено на секој од нив.

„Тежината на цревата во голема мера ќе ја ограничи висината на која може да работи таков дрон“, стои забелешка во еден од коментарите.
Но, други пак сметаат дека ова е иднината. Светот секое лето се соочува со големи пожари. Неодамна пожари имаше во Грција, Тунис, Италија, Турција, а сега гори и на Хаваите.