ФОТО | Плажата во Сплит беше домаќин на најголемиот воен брод во светот! Нереална сцена во Хрватска ги запали социјалните мрежи во регионот – што прави тој овде !?

Најголемиот носач на авиони во светот, американскиот Gerald R. Ford (CVN 78) во понеделникот пристигна во градот Сплит во Хрватска.

Ова е најголемиот носач на авиони во светот, а во исто време и најголемиот воен брод кој моментално крстари по морињата и океаните ширум Земјата.

На социјалните мрежи се појави фотографија од луѓе кои се капат, а во позадина се гледа најголемиот носач на авиони и воедно најголемиот воен брод на светот. Глетката остави многумина без здив на социјалните мрежи.

Gerald R. Ford е првиот носач на авиони од својата класа, а беше пуштен во употреба во 2017 година. Се развива со години, а вкупните трошоци изнесуваат 13 милијарди долари. Бродот е долг 337 метри, висок 76 метри и тежок повеќе од 100.000 тони.

Има два нуклеарни реактори А1B кои му дозволуваат да плови близу 25 години пред да го замени нуклеарното гориво. Екипажот се состои од повеќе од 4.500 морнари и друг персонал, кој вклучува пилоти и луѓе кои управуваат со сите авиони. На бродот има до 75 авиони и хеликоптери.