ФОТО | ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ САТЕЛИТСКИТЕ СНИМКИ ОД ПОЈАСОТ ГАЗА – Зградите се срамнети со земја по гранатирањето на Израел: “Децата не престануваат да врескаат, а никој не можеше ниту да спие“
Израелската Aрмија изврши серија воздушни напади врз цели во Појасот Газа наводно поврзани со Хамас како одмазда за крвавиот напад врз Израел. Според последните информации, во Појасот Газа досега се убиени 900 луѓе.
Обединетите нации велат дека има „јасни докази“ дека воени злосторства биле извршени и во Појасот Газа и во Израел.
„Израел има право да се брани од нападите на Хамас, но тоа мора да го направи во согласност со меѓународното право“, порача во вторник високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.
„Колективното казнување на сите Палестинци е неправедно и непродуктивно. Тоа е против нашите интереси и интересите на мирот“, додава Жозеп Борел по неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ во Мускат, Оман.
„Не се сите Палестинци терористи. Израелските напади предизвикаа значителна штета на многу станбени згради, канцеларии на телекомуникациски компании и згради на факултетите на Исламскиот универзитет во Појасот Газа“, истакнал Жозеп Борел, пренесува весникот The Guardian.
Застрашувачки експлозии ја потресоа областа во понеделникот вечерта. Тамошните медиуми пренесуваат дека децата не престануваат да врескаат и никој не може да спие. Изминатата ноќ што ја поминале жителите на Римал, најбогатата и обично најтивката населба во Појасот Газа, наскоро нема да ја заборават. Како што се раздени во средата, интензитетот на нападот се намалил и луѓето го погледнале обемот на уништувањето. Инфраструктурата на округот е сериозно оштетена, а поголемиот дел од патиштата што водат до него се отсечени.
Се изгледало како да има земјотрес. Насекаде имало урнатини, сокршени стакла и соборени жици. Уништувањето е толку големо што некои згради се непрепознатливи. Во меѓувреме пристигнаа сателитски снимки кои го покажуваат уништувањето што го претрпе Појасот Газа по израелската одмазда.