ФОТО | Погледнете како изгледа детската соба на децата на Новак и Јелена Ѓоковиќ: Многумина очекуваа скапи играчки, но една работа доминира насекаде!
Јелена Ѓоковиќ повремено ја отвора вратата од семејниот дом за своите следбеници на социјалната мрежа Инстаграм.
Доволно беше таа да им покаже на следбениците само едно ќоше за да тие заклучат како таа и нејзиниот сопруг Новак Ѓоковиќ го уредиле просторот за живеење.
Сè е едноставно, практично и најверојатно според правилата на фенг-шуи, до кои и двајцата се придржуваат. Минимализам и удобност, светли бои, со дрвото како главен материјал во ентериерот.
На полиците има многу книги, всушност – каде и да свртите ќе видите многу книги, бидејќи и Новак и Јелена сакаат да читаат и да им ја пренесат љубовта кон ова прекрасно хоби на своите деца.
Стефан и Тара имаат своја мала империја, а нивните родители често им прават друштво кога играат и преку игра ги запознаваат со светот околу нив.
Тепих, монохроматски и мек, совршен кога имате мали деца кои почесто се на подот отколку на каучот.
Јелена Ѓоковиќ често поминува време со децата учејќи ги разни работи, а овие играчки им се многу интересни и многу ги сакаат.
Новак и Јелена даваат се од себе за да ги воспитаат децата да бидат скромни, како и да ги научат на вредноста на учењето. Нивниот дом е исполнет со книги, љубов и насмевки, но дефинитивно не и материјален луксуз.
„Моите деца се првата генерација деца кои никогаш не биле тепани. Стефан и Тара се првата генерација и верувам дека неодговарањето на грешките и погрешното толкување на емоциите со насилство навистина ќе го промени светот. Верувам дека ова е голем квантен скок во менувањето на историјата и иднината“, изјави Јелена Ѓоковиќ при нејзиното гостување на панелот „Иднината е сега“.