Колумбиската ѕвезда Шакира конечно започна нов живот со деца откако се раздели со својот долгогодишен партнер Пике Херардо.
Оваа недела колумбиската пејачка замина во Америка и со семејството се всели во прекрасна нова куќа која се наоѓа во еден од најлуксузните делови на Мајами.
Како што пренесуваат странските медиуми, Шакира купила луксузен имот лоциран во една од најексклузивните области на Мајами во 2001 година и моментално се проценува дека вреди повеќе од 17,5 милиони долари.
Пејачката пред извесно време размислуваше да го продаде, по раскинувањето со екс-фудбалерот го виде идеално место за почеток на нов живот.
Според шпанскиот La Razon, вилата е во бела боја и минималистички стил, има два ката и 750 квадратни метри, сопствено приватно пристаниште и спектакуларен поглед на морето.
Има и голем надворешен базен во градината.
Резиденцијата има 6 спални соби, 7 бањи и голема дневна соба, едната со ориентален декор, а другата со билијард.
Има и приватна теретана со одлично осветлување. Вкупниот имот опфаќа повеќе од 2.000 квадратни метри.
Покрај тоа, Шакира ќе ги има за соседи Рики Мартин, Џенифер Лопез и Иванка Трамп и многу други познати личности.