ФОТО | Погледнете како изгледа најзгодната жена на планетата! Таа има 44-години, а во бикини изгледа како божица: “На неа се е совршено“
Пејачката и една од најзгодните жени на планетата, Никол Шерцингер (44 г.), е доказ дека годините не значат ама баш ништо, сѐ додека сте посветени на здравиот и активен живот.
Таа неодамна се вери во Португалија, а сега ужива на одмор во Грција со својот вереник, шкотскиот рагбист Том Еванс (38 г.).
Парот бил фотографиран во исклучително опуштено издание, а фановите како и секогаш го коментирале неверојатниот изглед на пејачката.

Знаеме дека Никол Шерцингер важи за една од најзгодните жени на светот, а кога ќе ги погледнеме овие последни фотографии, апсолутно ни е јасно зошто е тоа така.
Значи, папарацо фотографите ја фотографирале додека ужива на Миконос, а пејачката носела шарено бикини кое совршено ѝ прилега на нејзината затегната фигура на тело.
Никол Шерцингер го нагласила своето бујно деколте, но го покажала и рамниот стомак и извајан задник, но и феноменално обликуваните нозе, а целосно е јасно зошто оваа дама редовно се наоѓа на листата најсексапилни дами во светот.
Косата ѝ била врзана во пунџа, како што прилега за едно појавување на плажа. Поради тоа што се сонча, лицето ѝ било без шминка, се истакнал само сјајот за усни.
Жешките фотографии од одморот на славната 44-годишна жена го обиколија интернетот, а се нижеле и ласкави коментари на социјалните мрежи.
„Таа е прекрасна“, „Какво тело“, „Изгледаш совршено“, „Жената има 44 години и изгледа вака, без зборови сум“, „Восхитувачка е“, „Само мајка природа можела да изваја вакво совршенство“, биле само дел од коментарите.

