Милијардерите стануваат побогати за 14 милиони долари на ден, Маск и Цукерберг акумулирале најмногу од сите

Блумберг пишува дека 500-те најбогати луѓе во светот станале побогати за 852 милијарди долари во првата половина на 2023 година, а најдобро поминале американските милијардери Илон Маск и Марк Цукерберг.

Се наведува дека секој од 500-те богаташи од индексот на милијардери на Блумберг станал побогат во просек за 14 милиони долари дневно во последните шест месеци. Тоа е најдобрата деловна половина година за милијардерите од втората половина на 2020 година, кога економијата почна да закрепнува од главниот пад предизвикан од пандемијата на коронавирус.

Се наведува дека зголемениот профит на најбогатите луѓе во светот се совпадна со општиот пораст на вредноста на акциите на берзата, што дојде кога инвеститорите заборавија на ефектите од зголемувањето на каматните стапки по налог на FED, војната во Украина и кризата на регионалните банки во САД.

Маск, извршен директор на „Тесла“ и други технолошки компании, кој веќе стана најбогатиот човек на светот, стана уште побогат во последните шест месеци. На своето богатство додаде уште 96,6 милијарди долари од 1 јануари до 30 јуни годинава.

Во исто време, Цукерберг, извршен директор на Мета платформи, стана побогат за дополнителни 58,9 милијарди долари во првите шест месеци од 2023 година.

На индексот на милијардери на Блумберг, Маск е прв со богатство од 247 милијарди долари, а Цукерберг е деветти со 104 милијарди долари.