Бајден ја потврди поддршката за членството на Шведска во НАТО

 Американскиот претседател Џо Бајден на денешната средба во Белата куќа со шведскиот премиер Улф Кристерсон го поддржа членството на Шведска во НАТО.

На средбата со Кристерсон, Бајден истакна дека сака да ја потврди американската поддршка за членството на Шведска и додаде дека „се радува на тоа“, пренесуваат американските медиуми.

Кристерсон му се заблагодари на Бајден за поканата и истакна дека Шведска „многу ја цени“ неговата поддршка, додавајќи дека мисли дека неговата земја може да придонесе за Северноатлантскиот договор.

По разговорот со Бајден, Кристерсон изјави дека се согласиле дека самитот во Вилнус е „природно време“ за завршување на процесот за пристапување во алијансата.

-Сепак, и двајцата знаеме дека само Турција може да носи свои одлуки, изјави Кристерсон во шведската амбасада во Вашингтон.

Официјални лица од Шведска, Турција и НАТО ќе се состанат во четврток во Брисел за да се обидат да најдат решение во последен момент.