ФОТО | Погледнете како по 400 операции изгледа девојката која од нејзиниот партнер била брутално нападната – од љубомора и истурил киселина врз лицето !?
Поранешната манекенка Кејти Пајпер, во својата автобиографија насловена „Убава“ опишала како излегла од пеколот откако нејзиното поранешно момче и го нагрдило лицето пред 14 години до тој степен што таа едвај преживеала и останала слепа на едното око.
Имено, нејзиниот тогашен дечко Даниел Линч во март 2008 година од љубомора и го полил со киселина лицето.
Во напад на љубомора, Даниел Линч ангажирал професионалец кој ја полил Кејти Пајпер со сулфурна киселина, а по тој монструозен чин кожата на лицето целосно и се стопила, коските и биле оштетени, го изгубила видот на едното око, а очите и делови од нејзината рака биле повредени. Сепак, тоа не било се. Непосредно пред грозоморниот настан, момчето ја силувал и малтретирал осум часа. Киселината била само „завршување на неговата одмазда“.
„Слушнав страшен крик, како да колат животно. Што ја направи таа врева ? И тогаш сфатив дека тоа сум јас“, е само една реченица во потресната книга на оваа Британка.
Долго се криела од јавноста, а потоа решила да ги земе работите во свои раце и, како што напишала, страшната трагедија ја претворила во своја полза.
Погледнете како изгледа Кејти Пајпер денес ОВДЕ.
Досега таа имала околу 400 операции, а последната од серијата, кожен графт на десниот очен капак, е направена неодамна. За среќа, успешно. Девојката уште еднаш докажа дека е роден борец и дека нејзиниот живот допрва почнува.