ФОТО | Познат фудбалер ја шокираше планетата со неговата прослава на голот што го постигна во Лига Европа: Никој не очекуваше дека ќе го направи ова, а еве што претставува неговиот гест
Во реприза на финалето на Конференциската Лига од минатата сезона, сега се сретнаа Феенорд и Рома во осминафиналето на Лига Европа и повторно беше тесно.
По водството на Феенорд, Ромелу Лукаку израмни во 67. минута, а потоа си стави „пиштол“ на глава. Се разбира, не е вистински пиштол, но тој ја стави раката на устата, а потоа со прстите гестикулираше на цевката од пиштол врз неговата слепоочница.
Тој всушност ги ископираше претставниците на Демократска Република Конго, тимот што годинава стигна до полуфиналето на Африканскиот куп на нации. На овој начин претставниците на таа земја едногласно застанаа пред почетокот на полуфиналната пресметка со Брегот на Слоновата Коска и на тој начин се обидоа да привлечат барем малку внимание за се што се случува во оваа земја во последните 30 години.
Иако Ромелу Лукаку е роден во Антверпен, Белгија, неговото семејство потекнува од Конго, каде што Белгија успеа да доведе до смрт на десетици милиони луѓе преку колонизација. Рудниците на бакар, злато, дијаманти, тантал и други метали таму ја привлекоа белгиската колонијална империја, а таму животот го загубија милиони луѓе.
Ромелу Лукаку не го заборава своето потекло, а на социјалните мрежи објави порака: „Стоп за геноциот“ и апелираше да се обрне внимание на 6.000.000 загинати и 6.000.000 раселени во претходните неколку децении граѓанска војна во Конго.