ФОТО | Полицијата во Холандија запрела пијан возач, а останале шокирани кога ја виделе возачката дозвола – погледнете на чије име била издадена истата

Полицијата во Холандија уапсила маж поради возење во алкохолизирана состојба за време на викендот и открила дека поседува возачка дозвола на име – „Борис Џонсон“, односно поранешниот премиер на Велика Британија.

Лажната возачка дозвола, издадена во Украина, заедно со фотографијата на поранешниот британски премиер и неговиот датум на раѓање, вели дека била издадена на 24. јули 2019 година, истиот ден кога Борис Џонсон се пресели во „Даунинг стрит 10“ и го презеде раководството со британската Влада. На возачката дозвола пишувало и дека истата има валидност до крајот на 3000 година.

Портпаролот на тамошната полиција Тијс Дамстра кажал дека полицајците го истражуваат инцидентот што се случи во неделата нешто по полноќ, кога автомобилот на „Борис Џонсон“ удрил во столб во близина на мостот „Ема“ во Гронинген.

лажна возачка дозвола на име – „Борис Џонсон“

Автомобилот бил напуштен, но полицијата подоцна соопштила дека возачот стоел на мостот.

Лицето не сакаше да го открие својот вистински идентитет и одби да се подложи на алкотестирање“, изјавил потпаролот на полицијата за AFP.

Подоцна било откриено дека станувало збор за 35-годишен маж од Зуидхорн, во чие возило полицијата пронашла лажна дозвола.

Не наседнуваме на фалсификувани документи“, соопштила полицијата.

Полицијата не сакала да каже каде е направен фалсификуваниот документ, но поранешната дописничка на јавниот сервис NOS од Русија, Кисија Хекстер преку објава на социјалните мрежи наведе дека лажните возачки дозволи лесно може да се купат во продавниците за сувенири во Украина.

Колку што знам, вистинскиот господин Борис Џонсон во тоа време не бил во Холандија“, додал потпаролот на полицијата.