ФОТО | Поранешната секс-бомба и филмска икона е во голема неволја: Изгледа изгубено, зборува сама со себе и седи на улица – погледнете
Актерката Хедер Локлир (61 г.) минатиот четврток ја загрижи јавноста кога беше видена како чудно се однесува во Малибу, Калифорнија. Телевизиската ѕвезда, чии битки со менталното здравје и проблемите со зависноста и се добро познати на јавноста, е фотографирана во загрижувачка форма. Нејзините пријатели изјавиле дека таа можеби повторно почнала да пие по бројните патувања на рехабилитација.
Хедер Локлир е видена како ја вози маж за кој се верува дека е нејзиниот вереник, поранешниот мотокрос тркач Крис Хајсер. кој ја чекал во својот автомобил, а таа прошетала по работ на зградата и истрчала преку улицата.
Таа била облечена во војнички панталони. Некое време седела на врвот од скалите читајќи од својот дневник, а потоа започнала да зборува сама со себе и изгледала вознемирено. Во еден момент таа налутено покажала на нешто напишано во дневникот и гестикулирала пред да го стави дневникот во нејзината чанта. Долго седела така на врвот од скалите, пишуваат светските магазини.
По повеќе од еден час сама, таа истрчала кој наводно својот соприг кој трпеливо ја чекал во автомобилот.
За потсетување, магазинот People објави дека актерката била на рехабилитација повеќе од 20 пати само во 2019 година.