ФОТО | ПОТРЕСНИ СЦЕНИ – Последен поздрав: Погребани првите жртви од масакарот во Белград – граѓаните во ужас и неверување, бели ружи насекаде, Србија во голема тага…

Втор ден на жалост во соседна Србија по големата трагедија во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“ во која од масакарот на ученикот Коста К. животот го загубија осум ученици од седмо одделение и еден обезбедувањето на училиштето, но и пукањето во селото Младеновац во кое осомничениот Урош Б. уби осум млади луѓе.

Денес погребани ќе бидат убиени вкупно 10 невини жртви од крвопролевањата што ја зафатија Србија.

На белградските гробишта од 11 часот и 30 минути кога започна првиот погреб, до попладневните часови кога ќе бидат погребани уште четворица белградски жртви, а ќе бидат погребани и уште пет жртви, како и петмина од селото Младеновац, кои животот го изгубија од убиецот со калашников.

Српските медиуми известуваат дека останатите погреби на жртвите ќе се извршат утре.

Стотици белграѓани пристигнаа да изразат сочувство до родителите и членовите на семејствата на жртвите, а белите рози беа неасекаде додека бели балони биле пуштени во воздух. Погледнете ги потресните сцени објавени од српските медиуми.