ШОКАНТНО СВЕДОШТВО – Жител од Младеновац раскажува грозоморни детали за големата трагедија: “Пристигнав прв на местото на злосторството, мојот внук лежеше и…“

Во српските села Мали Орашје и Дубона деновиве владее целосен ужас, молк и неверување. Мештаните се шокирани, ги познавале жртвите, а некои од нив биле и членови на нивните семејства. 

На една жителка од Мали Орашје не и е грижа што постојано се споменува само местото Младеновац, а всушност злосторството се случило во нивното село.

Да потсетиме, 21-годишниот млад човек Урош Б., во селата околу Младеновац уби осум лица, а рани 14 лица.

Репортерот на српскиот медиум N1 го посетил селото Мали Орашје и разговарал со мештаните, кои сите биле погодени од трагедијата.

Вчера испив пет диезапами, две утрово. Не можам да се смирам, па како ? Ова е голема тага за целото село. А знаеш што најмногу ме нервира, ничиј живот не е помалку вреден, постојано го спомнуваат Младеновац, каков Младеновац кога тука се случи крвавата гозба ?“, кажала една жена од селото.

Мали Орашје, Србија

Еден од соговорниците за N1 бил еден од првите што пристигнал на местото на злосторството, и го видел својот внук застрелан од монструмот.

Историјата не памети ваков вид на злосторство. Прв пристигнав на местото на злосторството. Мојот внук беше застрелан, благодарам на Бог што преживеа. Немам зборови за сцената што ја доживеав таа вечер“, изјавил тој за N1.

Како можеме да се чувствуваме кога ќе закопаме пет луѓе ? Затвори пет куќи! Како може тој тоа да го направи ?“, изјавила една жителка за медиумот.