ФОТО | По девет години брак отвориле еден ‘мистериозен’ свадбен подарок – она што го пишувало во пликот засекогаш им го сменил животот – погледнете!

Необичната приказна за еден пар стана хит на Интернет, а свадбениот подарок стана вистинска атракција.

Не постои брак или емотивна врска во која нема повремени искри и расправии, но оваа необичната приказна за пар кој добил подарок за да и го спаси бракот и не го отвориле девет години, заинтригира многу корисници на Интернет.

Кејти и Брендон Ган од Мичиген се венчале во септември 2007 година, а како подарок за свадба од нејзината тетка, добиле плик кој давателот им рекол да не го отвораат веднаш бидејќи го содржел „клучот за спас на нивниот брак“.

плико, писмо

Тетката им дала јасни упатства кога и како да го отворат свадбениот подарок и нагласила дека не треба да го отвораат пликот до првата сериозна расправија.

Младенците го ставиле пликото на полицата и заборавиле на него, а тоа им паднало на памет после девет години брак.

Како што велат, во речиси една деценија брак многупати се скарале, но и во тие ситуации не им текнало на зборовите на тетка им, ниту на нејзиниот подарок.

Кејти ја објаснила целата ситуација во Фејсбук групата – „Love What Matters“:

Се сетив на денот на мојата венчавка, па размислував кој подарок ми е особено драг и значаен. Така се сетив на пликот на тетка ми што беше неотворен на полицата сите тие години“, вака ја започнала таа својата приказна.

Како што рекла, таа и нејзиниот сопруг мислеле дека во пликот има обичен клуч кој симболично би го спасил бракот.

Дури кога Кејти се сетила на подарокот, парот го отвори пликот и пронашол две пораки внатре.

Кејти, оди земи пица, ракчиња или нешто друго што ви се допаѓа и на двајцата“ – напишала тетка Алисон во писмото до упатено до Кејти. Во белешката упатена до нејзиниот сопруг Брендон пишувало: „Брендон, оди земи цвеќе и шише вино“ – тетка Алисон.

Кејти кажала дека и покрај годините кога тој плик стоел на полицата и собирал прашина неотворена, таа го научила многу за толеранција, разбирање, компромис и трпение од оваа порака.

Таа додала дека сфатила дека она што е потребно за да се одржи силен и здрав брак никогаш не било во тој подарок, имено во пликот, туку во самите нив.