ФОТО | ПРВАТА ДАМА НА СРБИЈА ГО ‘УКРАДЕ’ ШОУТО – Додека Александар Вучиќ јаде паризер со мајонез, неговата сопруга се пофали со совршен појадок: “Затоа има толку тенка линија!“
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави видео како јаде паризер заедно со неговите министри Синиша Мали и Томислав Момировиќ, чие намалување на цената тој лично го најави минатата недела.
Александар Вучиќ малку го „дотера“ сендвичот и додаде мајонез и пиеше јогурт, а видеото секако брзо стана вирално во регионот.
„Нешто што народот го сака, нешто на што пораснавме, нешто што и денес често го јадам, особено во авион кога одам во странство, барам да ми направат сендвич токму од овој тип со паризер. Ние не го направивме ова за да покажеме дека сме обични луѓе“, вели Александар Вучиќ меѓудругото на снимката.
Погледнете го видеото објавено од Александар Вучиќ ОВДЕ.
За разлика од Александар Вучиќ, кој наводно сака паризер, а очигледно и „српскиот народ“, неговата сопруга Тамара се пофали со здрав живот и на социјалните мрежи објавува како го започнува денот.
Менито на првата дама на Србија содржи овошен микс од јагоди, боровинки, малини и јаболка, а потоа чинија овесна каша прелиена со вода и на крајот кафе.
Српските медиуми блиски до Александар Вучиќ не пропуштија да напишат дека Тамара Вучиќ има толку одлична линија и витко тело токму поради нејзиниот здрав живот, како што препорачуваат нутриционистите. И додаваат дека појадокот што го јаде првата дама на Србија чини помалку од 300 динари.