ФОТО | Принцот Вилијам ја посети Кејт Мидлтон во болница – први фотографии од местото на настанот: Поради ситуацијата со принцезата тој ги одложи сите обврски

Принцот Вилијам денеска ја посети Кејт Мидлтон во лондонската болница каде е од завчера и каде и беше оперирана стомачна операција. Како што соопштија од Кенсингтонската палата, принцезата од Велс се чувствува добро и операцијата е успешно извршена. 

Кејт Мидлтон ќе биде во болница 10 до 14 дена додека закрепнувањето ќе трае два до три месеци.

Принцот Вилијам, Кејт Мидлтон

Вилијам беше фотографиран како заминува за Виндзор по посетата, а поради ситуацијата со Кејт Мидлтон ги одложи сите службени обврски и се посветува на грижата за нивните деца.