ФОТО | ‘РОМЕО ОД БУГАРИЈА’ – Беше во романтична врска со најуспешните тенисерки, а денес бугарскиот ас го освоил срцето на една од најубавите жени во светот!

Познатиот тенисер и искусната актерка е приказна која ги полни колумните во весниците, а потврдата за романсата стигна со објава на неговиот профил на социјалната мрежа Инстаграм.

Станува збор за бугарскиот тенис ас Григор Димитров, кој е во романтична врска со романската актерка Мадалина Дијана Генеа. Приказната се уште не е официјално потврдена, но Григор Димитров ја „означи“ Мадалина Дијана Генеа на својот профил, па има сите шанси парот да е заедно. Таа неодамна беше видена и на неговите натпревари, па веста брзо се прошири во јавноста и се прошири низ етерот.

Во 2007 година, Мадалина Дијана Генеа се појави во спотот за песната „Il tempo tra di noi“ на италијанскиот музичар Ерос Рамацоти. Таа дебитираше на големото платно во 2011 година, глумејќи во италијанскиот филм „I soliti idioti“, а таа можеби на гледачите им е најпозната по портретирањето на Софија Лорен во неодамнешниот хит „House of Gucci“.

Мадалина Дијана Генеа беше во врска со Леонардо ди Каприо и Џерард Батлер.

Григор Димитров, пак, е познат како голем заводник, а во своето „портфолио“ има врски со руската тенисерка Марија Шарапова и пејачката Никол Шерцингер.