Руското вселенско летало Луна-25 се урна на Месечината. Како што соопшти руската државна вселенска агенција Роскосмос, комуникацијата со леталото е прекината.
Дронот требаше да изврши меко слетување на јужниот пол на Месечината, но не успеа откако наиде на проблеми додека орбитираше пред слетувањето.
Тоа беше првата руска мисија на Месечината по речиси 50 години.
Роскосмос пред четири дена објави дека вселенската сонда Луна-25 влегла во орбитата на Месечината во 11:57 часот по московско време, односно во 8:57 часот по средноевропско време. Оваа руска вселенска сонда, која е со големина на мал автомобил и тешка околу 1.800 килограми, беше лансирана минатиот петок од космодромот Восточни.
Леталото треба да слета во понеделник за да истражи дел од Месечината за кој научниците веруваат дека може да содржи замрзната вода и скапоцени материјали.
Неколку дена подоцна, Роскосмос излезе со кратко соопштение во кое се наведува дека настанала „ненормална ситуација“ и дека слетувањето ќе биде тешко.
Од извори блиски до Роскосмос, каналите на Телеграм и некои медиуми дознаа дека е изгубен контактот со леталото, што го потврди и самиот Роскосмос, кој потоа објави дека леталото Луна-25 паднало