ФОТО | “РУСКОТО ОРУЖЈЕ НА ЧУДАТА!“ – Владимир Путин повторно ‘најавува’ оружје кое светот досега не го видел: Дали ова е неговиот последен адут ?
И по една година и половина руската агресија врз Украина не ги даде очекуваните резултати – оние што ги очекуваше Кремљ, а Владимир Путин безброј пати ги потенцираше.
Руските сили, по големиот број жртви, според повеќето независни извори од теренот, имаат најмалку меѓу 55 и 80 илјади мртви војници, а најмалку исто толку ранети.
Иако Владимир Владимирович Путин постојано тврдеше дека т.н. „специјална воена операција“ ќе трае најмногу шест месеци, по една година и шест месеци, претседателот на Русија продолжува да повторува идеолошки флоскули од претходните години, за „загрозувањето на рускиот свет“ – тема што освен тој, никој друг не ја разбира.
Владимир Путин, исто така, во годините пред агресијата, помпезно најавуваше „нови оружја, водечки во светот“. Така, се покажа дека новата интерконтинентална балистичка ракета RS-28 се уште е во фаза на развој, иако Владимир Путин „вети“ дека руските сили ќе бидат вооружени со неа веќе во 2019 година. Последниот тест на фамозната ракета Sarmat беше во април 2022 година, а тогашниот прв човек на агенцијата Роскосмос (откако беше сменет) Дмитриј Рогозин најави производство на најмалку 50 ракети RS-28.
Истиот беше случај и со долго најавуваниот дрон на новата генерација Suhoj S-70. Тој требаше да биде пандан на американската програма Loyal Wingman и дека S-70 ќе се користеше како придружно беспилотно летало за борбени авиони Su-35. Засега се се сведе на неколку тестови од аеродромот и од носачот на авиони ‘Admiral Kuznjecov‘. Владимир Путин најави и „масовно производство“ на дронот S-70 во 2019 година, но досега се произведени само два прототипа.
Единствениот преостанат адут на Владимир Путин во серијата нови оружја е мобилниот систем за воздушна одбрана Peresvet (на фотографијата од насловот). Тој систем користи многу моќен ласер, а Кремљ уште во 2018 година се пофали дека може да собори крстаречки ракети и непријателски сателити во орбитата. Peresvet има максимален домет од 15.000 километри, што (теоретски) го прави најнапредниот систем за воздушна одбрана од новата генерација во светот.
Во 2020 година, системот за компјутерско водење беше подобрен, така што Peresvet може да го користи својот ласер за да погоди побавни авиони на пониски височини, како што се артилериски проектили и беспилотни летала. Кон средината на минатата година Кремљ објави дека Peresvet се користи во Украина, но од територијата на Русија, пред се за спречување напади со беспилотни летала.
Колку е тоа точно говори податокот дека минатата недела неколку украински дронови беа соборени веднаш над станбениот дел на Москва. Од друга страна, украинскиот претседател Володимир Зеленски постојано ги негираше наводите дека Русија може да ги собори нивните беспилотни летала со ласер.
Исто така, Пентагон на почетокот на оваа година објави дека – „Русија има два активни системи Peresvet“, но дека нема разузнавачки информации дека тој всушност бил успешно користен во Украина.