ФОТО | СЕ ОМАЖИ ЕДНА ОД НАЈУБАВИТЕ АКТЕРКИ ВО СВЕТОТ – Со необична венчаница и модерни детали ги ‘сруши’ социјалните мрежи: “Принцеза од бајките!“
Актерката, чиј начин на облекување е исклучително пофален и важи за стилска икона, се омажи минатиот викенд на раскошна церемонија во Венеција.
На музичарот Малколм Мекреј му го кажала судбоносното „да“ во присуство на познати гости. Многумина едвај чекаа да видат каква венчаница избрала Ања Тејлор-Џој. Таа воодушеви со изборот на фустан кој отстапува од конвенционалните модели на венчавки, а фотографиите од свечената церемонија можете да ги погледнете ОВДЕ.
Ѕвездата на хит-серијата „The Queens Gambit“, Ања Тејлор-Џој се омажи пред 150 гости. Таа пред свадбата е забележана на балконот како ужива во кафе, без шминка, како прави мала пауза пред големата церемонија.
Актерката одбила да облече бела венчаница, појавувајќи се во беж фустан со везови и украси – вклучувајќи принтови од птици и цвеќиња, додека носела и светло бел превез. Нејзиниот изглед некои го опишуваат како „убав лебед“, а други како изглед на „принцеза од бајките“.
Ања Тејлор-Џој брзо стекна голема модна репутација. Неочекувана, смела, оригинална, така е опишан нејзиниот моден стил.
Младенците претходно биле видени на турнеја во Венеција во потрага по идеалното место за венчавка. Тие го ангажирале The Wedding Boutique Italy, компанија за планирање свадби, а настаните за кои е задолжена оваа компанија чинат од 250.000 долари и повеќе.