ФОТО | “Се родив во затвор, а мајка ми ме напушти…“ – животна приказна на девојка од која се кршат и најсилните срца: “Успеав да се запишам на Харвард!“

Приказната за младата Аурора го обиколи светот. И покрај сите околности што ја снашле, нејзината решителност ја одвела на престижниот универзитет Харвард, кој е еден од најдобрите во светот. 

Аурора Скај Кестнер од Тексас е родена додека нејзината мајка била во затвор. За неа се грижел нејзиниот татко, а таа ги надминала сите очекувања. Завршила средно училиште како најдобра во својата генерација и го остварила својот сон.

Родена сум во затвор“, вака ја започнала својата апликација за пријавување на Харвард оваа девојка. Моќната порака и искрената приказна одекнале кај комисијата за прием, а Аурора Скај Кестнер сакала да ја добие својата диплома по право. Во детството често се движела, а во основно училиште имала учител кој го препознал нејзиниот потенцијал.

Добив информации за неа. Нејзин херој беше Роза Паркс. Таа многу сакаше да чита. Мислев дека е светла девојка. И денес ги имам сите нејзини трудови“, изјавила Мона Хемби, учителката на девојката, која брзо сфатила дека на неа и треба повеќе од само поддршка. Откако ја слушнала нејзината приказна, таа ја препознала важноста да се обезбеди лично искуство.

Аурора Скај Кестнер

Беше многу поинаква средина од онаа во која пораснав, но тоа не е лошо. Сè што ме научи учителката беше многу вредно исто како што се што поминав пред пред тоа беше исклучително важно“, изјавила таа пред да започне со школување на Харвард