ФОТО | “СЕ СЕ ВРТИ ОКОЛУ НЕГО…“ – Ќерката на Брус Вилис сподели досега невидени фотографии од легендарниот актер по неговата дијагноза

Скаут Вилис, ќерката на Брус Вилис, се „прости“ од 2023 година со објава на социјалните мрежи, а објавата содржеше неколку досега невидени фотографии од легендарниот актер.

Имено, 68-годишниот Брус Вилис се повлече од актерството во 2022 година откако му беше дијагностицирана афазија, пишува New York Post.

Во февруари 2023 година, неговите најблиски дополнително открија дека неговата состојба се влошила и дека му била дијагностицирана фронтотемпорална деменција. На една споделена фотографија, Скаут Вилис лежи на градите на нејзиниот татко. Ѕвездата ги става рацете на главата на неговата ќерка, а фотографијата открива и некои од неговите тетоважи, вклучувајќи ги и имињата на неговите ќерки Мејбел (11 г.) и Евелин (9 г.), кои ги доби со сопругата Ема Хеминг Вилис.

слика
Скаут и Брус Вилис

Други фотографии ја вклучуваат Скаут Вилис како го држи за рака нејзиниот татко додека седат на маса, настан во Холивуд и Скаут Вилис како се држи за рака со сестрата Румер Вилис (35 г.), а овие моменти т.е. фотографии можете да ги погледнете ОВДЕ.

Претходно, сопругата на Брус Вилис исто така сподели дека од откривањето на дијагнозата станала посочувствителна личност и дека преку борбата со стигмата и изолацијата што ја носи ваквата болест, сака да биде пример за нејзините ќерки.

Се надевам дека целото наше семејство може да најде радост во малите нешта за да слави се што ни дава животот“, изјави Ема Хеминг Вилис, на која и е важно, токму поради тоа што нејзиното семејство е познато, да биде застапник за оние семејства кои немаат време, енергија или ресурси за да се залагаат за себе.

Семејството на ѕвездата наводно останува под ист покрив поради неговите здравствени проблеми.

Брус Вилис има добри и лоши денови, но во последните два месеци имаше многу повеќе лоши отколку добри денови“, изјави неодамна извор за Us Weekly.

Ова искуство уште повеќе го зближи целото семејство. Никој не знае колку време му преостанува на Брус Вилис, па го впиваат секој момент со него. Кога на актерот му беше дијагностицирана болеста, сите се собраа за да го зачуваат сеќавањето на неговото семејство недопрено и да бидат таму како постојан потсетник дека е сакан. Сè се врти околу него“, изјавил друг извор.

Инаку, на 29. декември, сопругата на Брус Вилис, Ема Хеминг Вилис, се огласи на социјалната мрежа Инстаграм за да изрази благодарност за износот на поддршката што ја доби минатата година.

Минатата година ми беше императив конечно да можам да изградам заедница и врска. Луѓето од сите сфери ја делат истата несреќна нишка што не поврзува“, напиша сопругата на Бурс Вилис, која додаде дека „празниците и годишнините се исклучително тешки“.