ФОТО | “СЕ ЧУСТВУВАМ УЖАСНО!“ – Турист опиша хорор одмор на познато место во Грција: “Бевме измамени! Цената на лигњите на менито беше 19 евра, а ние плативме 75!“

Лут турист нагло го прекинал летниот одмор на грчкиот остров Миконос откако, како што тврди, бил принуден да потроши 360,80 евра за обичен ручек. Опишувајќи го инцидентот на социјалната мрежа Reddit (Редит), дотичниот човек вели како неговото семејство било измамено во одморалиштето „Platis Gialos“.

Баравме добро место да седнеме и да уживаме во сонцето, а келнерот во ресторанот ‘Eclipse‘ на плажата ни кажа дека можеме да ги користиме нивните кабини или лежалки под услов да купиме два пијалоци. Понудата ни се чинеше прилично добра, но потоа почна да не мачи и да инсистира на нови нарачки. Го побаравме менито за да ги погледнеме цените, но келнерот итро ги избегнуваше нашите прашања, само повторувајќи како се е евтино“, вели човекот во објавата.

слика

Сопружниците нарачале пиво и мохито, а биле принудени да нарачаат милкшејк за децата, пишува Daily Mail.

Откако седевме таму еден час, решивме да порачаме храна. Келнерот препорача калмари, а на менито пишуваше дека чинат 19 евра и дека доаѓаат со салата и леб како прилог. Но, тогаш ни ја врачија сметката – четири пијачки чинат 78 евра, а лигњите 75 евра. Шокирани му ја дадовме картичката на келнерот и дури подоцна сфативме дека ни наплатиле и повеќе од наведената цифра. Лигњите беа 148 евра, милкшејковите кои никогаш не ги сакавме ги плативме 38 евра, а салата и лебот што требаше да биде бесплатен не чинеше уште 28, односно 14,50 евра“, напишал туристот на социјалната мрежа.

Кога им се пожалил на вработените во ресторанот, тие се налутиле!

Касиерката го скинала горниот дел од сметката на која биле информациите за трансакцијата и името и адресата на ресторанот. Не се ни потрудија да потпишат после трансакцијата, едноставно ми наплатија од картичката неверојатни 360,80 евра. Се чувствував толку измамено“, вели жртвата во објавата.