ФОТО | СИТЕ РАБОТНИЦИ СЕ СПАСЕНИ! Градежните работници по 17 дена поминати затрупани во тунелот во Индија ја видоа светлината на денот
Успешно се спасени сите работници кои поминаа 17 дена во урнат тунел во подножјето на Хималаите, во северна Индија.
Локалните власти велат дека тоа е добра вест за целата земја.
Тие биле извлекувани еден по еден преку цевка со дијаметар од 90 сантиметри која била извлечена низ урнатините на урнатиот тунел во државата Утараханд.
На влезот во тунелот се наредени возила на итната помош, подготвени да ги пренесат мажите во болница оддалечена околу 10 километри.
„Првиот човек е спасен од тунелот во Индија, а наскоро и другите“, изјави претходно работникот кој беше одговорен за доставување храна на мажите внатре во тунелот.
Спасувачите денеска успеаја да стигнат до 41 градежен работник во урнат тунел во северна Индија по 17 дена, изјави претходно неименуван функционер за медиумската агенција Reuters.
Неименуваниот функционер рекол дека работниците наскоро ќе бидат извлечени на безбедно.
Работниците се блокирани од 12. ноември, кога лизгање на земјиштето предизвика уривање на дел од 4,5 километри долгиот тунел во изградба. Уривањето се случило на околу 200 метри од влезот.
Официјалните лица утрото рекоа дека само 5 метри шут стои меѓу затрупаните работници и слободата.
Многу брзо овој ентузијазам се прошири.
Главниот министер на Утараханд, Пушкар Синг Дами, објави дека работата за инсталирање на микро тунелот за бегство е завршена и заробените работници наскоро ќе бидат ослободени.
Работниците останаа заробени кога на 12. ноември се урна дел од тунелот во кој работеле поради лизгање на земјиштето.
Официјалните лица брзо поставија тесна цевка преку која можеа да испратат храна, вода и кислород и да комуницираат со работниците.
Тие потоа започнаа амбициозна операција за копање низ урнатините за да создадат тунел за бегство направен од цевки. Но, тие наидоа на проблеми кога главната машина за дупчење се расипа во петокот.