ФОТО | Славниот Французин кој се бакнуваше со Моника Белучи не го трга погледот од неговата нова 29 години помлада девојка – кога ќе ја видите во бикини, ќе сфатите и зошто…
Славниот француски актер и режисер Винсент Касел (56 г.) е познат по врските со легендарната Моника Белучи и неговата втора сопруга Тина Кунаки, но изгледа дека 56-годишниот Французин веќе подолго време престанал да размислува за нив.
Сега неговиот фокус е на неговата нова девојка, 27-годишната Нара Баптиста, поради што ги променил секојдневните навики и прифатил здрав живот. Секое утро тие тренираат заедно. Папарацо-новинарите сега ги „уловија“ во моменти на одмор и уживање на плажа во Рио де Жанеиро. На фотографиите се гледа како тие се релаксираат на познатата плажа „Ипанема“, а убавата 27-годишна девојка го покажа сиот свој раскош во минијатурно бикини.
Долгата коса убавицата ја врзала во реп, а во преден план и бил нејзиниот кружен задник во шарени минијатурни бикини.
Тие цело време разговарале и се смешкале еден на друг, а Винсент Касел повремено го вртел погледот кон атрибутите на својата сакана.
Нара Баптиста е бразилско-австралиска манекенка и 29 години помлада од нејзиниот партнер. Многумина не можат да побегнат од впечатокот дека Тина Кунаки и Нара Баптиста се многу слични – и двете се жени со темна кожа со кадрава коса и витки фигури. Потсетуваме, Винсент Касел беше со Тина Кунаки пет години, се венчаа во 2018 година, а ја добија и ќерката Амазонија.
Винсент Касел е познат по тоа што се бакнуваше со многу познати жени, меѓу кои и Моника Белучи, со која има две ќерки Дева и Леони.