39-годишната жена, по расправијата со свекрвата извадила нож и јас избодела во главата, а потоа облеана во крв се обидела да избега.
Германската државјанка Л.А.А.(39) е уапсена во Ужице под сомнение дека во селото Дубница во општина Сјеница ја убила својата свекрва Б.Л. (66). Снаата ја обвинувала свекрвата за разводот, по големата расправија, извадила нож и ја прободела неколку пати во главата и во телото.
Според информациите што ги пренесува Блиц, осомничената откако го напуштила сопругот, живеела во Босна и Херцеговина, а пред неколку дена дошла во Ужице со уште една девојка која требало да и помогне околу децата кои свекорот ги донел да ги види.
– Верувала дека свекрвата е виновна што морала да ги остави сопругот и децата, зела нож и ја прободела жртвата неколку пати во пределот на главата и телото нанесувајќи и фатални повреди, од кои починала на лице место – вели изворот на Блиц.
По убиството осомничената снаа побегнала.
„Кога видела што направила, снаата побегнала од куќата облеана во крв. Таа се криела во хотел, мислејќи дека ќе успее да се извлече по убиството. Но, поради брзата акција на локалната полиција, таа била идентификувана, а потоа и уапсена“ пренесува Курир.рс
– Ова кај нас е невидено. Не слушнавме дека имале проблеми, не знам што можеше да се случи вака да и суди. Навистина сите сме уште затечени, не знам што да кажам – изјави за РИНУ еден од соседите.