ФОТО | Со рацете ги сокри градите, додека со постелнината згодниот задник: Емили Ратајковски ги остави без зборови обожавателите со својата нова провокативна објава

Познатата манекенка и актерка Емили Ратајковски пријатно ги изненади своите обожаватели објавувајќи фотографии од кревет каде е целосно гола. Згодната манекенка се тркала во постелнина и заводливо позирала, а во описот на фотографиите кои ги споделила на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм едноставно напишала: „Работа од кревет“.

32-годишната убавица е во Њујорк, а многумина ја забележаа нејзината природна убавина. На некои фотографии таа позира во ненаместен кревет во кроп-топ и зелена тренерка која и беше спуштена до колковите, а во преден план се нејзините импресивни стомачни.

На една од разголените фотографии Емили Ратајковски легнала на грб и го повлекла чаршафот преку долниот дел од телото, додека со рацете ги покривала градите.

Објавата и фотографиите на Емили Ратајковски можете да ги погледнете ОВДЕ.

Овие секси фотографии следеа по неколку врски во кои убавицата уживаше по разводот со поранешниот сопруг Себастијан Бур Меклард. Двајцата се разделија минатата година по четири години брак и го имаат синот, 2-годишниот Силвестер Аполо.