Со акробатско летање со авиони и едрилици, прелети во група и низок прелет на патнички авион, падобранци со најголемото државно знаме од воздух, и со изложување на првото летало на македонската авијација, Аероклубот Скопје денеска со свечен настан одбележа „100 години македонска авијација“.
Беше уживање да се биде дел од овој спектакл на небото над Стенковец кој собра огромен број љубители на авиони од земјата и регионот, а нашиот фоторепортер Борис Грданоски со својата галерија го долови секој најинтересен момент од ова небесна атракција над Скопје.
На настанот меѓу гостите беа и министерот за надворешни работи на Република Србија, Ивица Дачиќ, како и амбасадорот на Италија во Република Македонија, Андреа Силвестри.
На настанот меѓу гостите беа и министерот за надворешни работи на Република Србија, Ивица Дачиќ, како и амбасадорот на Италија во Република Македонија, Андреа Силвестри.
Освен тоа, на свеченоста имаше и акробации кои се стандардни за аеромитинзи, а учествуваа и хероите на летните пожари, трите Air Tractor AT-802A Fire Boss на Дирекцијата за заштита и спасување кои ќе летаат во формација, потоа владиниот авион од типот Лирџет 60, полициските хеликоптери и авионот на воените сили Mi-17, а на крајот на програмата во низок лет ќе лета патничкиот авион Ербас А320 на авиокомпанијата Визер.
Специјални гости на јубилејот се авиони од воздушните сили на Србија, Италија и Грција, а посебна атракција се двата суперсонични пресретнувачи MIG-29 на Српското воено воздухопловство кои исто така се дел од овој голем Аеромитинг.
Низ годините во клубот поминале над 3.000 воздухопловни ентузијасти, пилоти, едриличари, падобранци и механичари.