ФОТО | “СРБИЈА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО“ – Нов протест во Белград: Река од луѓе пристигнува во центарот на градот, блокиран сообраќајот, а луѓето носат траспаренти со пораки до Александар Вучиќ
Денес во главниот град на Србија, Белград, започна нов, масовен протест организиран од опозицијата и различни невладини организации под слоганот – „Србија против насилството“, поради двете големи трагедии што се случија кај нашиот сосед минатата недела.
Српскиот веб-портал Nova.rs објави дека околу 18:00 часот сообраќајот пред Собранието на Србија е веќе блокиран бидејќи се собрале голем број граѓани. Тие исто така додаваат дека полицијата ја затворила улицата „Књез Милош“ поради масовноста од луѓе која се шири кон мостот „Газела“.
Најавено е дека прво ќе бидат прочитани барањата на демонстрантите, а потоа поворката молчејќи ќе се упати кон блокадата на мостот.
Судејќи по фотографиите на српските медиуми, на протестот пристигнале голем број луѓе односно – река од народ пристигнува пред Собранието на Србија, пишуваат соседните медиуми. Демонстрантите носат транспарент „Пари за училиштата, а не за полицијата“.
Се читаат барањата на опозицијата, а најмногу свирежи имало кога се кажало дека се повикани оставки на министрите Александар Вулин и Братислава Гашиќ, но и кога се споменуваат телевизијата Пинк и Хепи.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, утрово изјави дека „полицијата нема да поставува кордони“ и дека – „ќе дејствува само доколку се загрозени човечки животи“.