ФОТО | Страшна несреќа во Словачка! Сцените од местото на настанот се страшни – половина од автобусот заглавен под камион, многу повредени, а се стравува дека има и мртви

Во страшен судир на автобус и камион на автопат во Словачка, неколку лица се повредени, а се стравува дека може да има и жртви, објавуваат тамошните медиуми.

Според информациите на словачките медиуми, сообраќајната несреќа се случила утрово во близина на градот Кута во правец на Чешка.

Во несреќата учествувале камион и автобус со унгарски регистарски таблички, пишува Cas.ck, и додава дека екипите на итната помош се уште се на терен, а испратени се и три хеликоптери.

Полицијата соопшти дека се повредени вкупно 37 лица, а според првичните информации едно лице го загубило животот. Сообраќајот се пренасочува по околните патишта.

Погледнете ги страшните сцени од сообраќајната несреќа ОВДЕ.