ФОТО | ‘СУЛТАНОТ’ ПОПУШТИ – Јенс Столтенберг објави: “Турција ја пушта Шведска во НАТО!“

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган се согласи да го поддржи влезот на Шведска во НАТО, соопшти генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Тој додаде дека пристапниот протокол се започнува и дека Турција потврдила дека ќе го ратификува влезот на Шведска.

Ова е историски чекор што ги прави сите сојузници на НАТО посилни и побезбедни“, напиша Јенс Столтенберг во објава на социјалната мрежа Твитер.