ФОТО | СЦЕНА ЗА КОЈА ДОЛГО ЌЕ СЕ ЗБОРУВА – Новак Ѓоковиќ не издржа и пукна во солзи: Кошаркарите го гушкаа, а луѓето во Белград неуморно го скандираа неговото име – погледнете!

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, пукна во солзи откако излезе на „најпознатиот“ балкон во Белград пред луѓето кои се собраа во главниот град на Србија да го прослават успехот на кошаркарите од Светското првенство.

Новак Ѓоковиќ го извади трофејот од УС Опен, а кога десетици илјади навивачи почнаа да скандираат за него, тој не можеше да ги задржи солзите.

Добро вечер Србија, Белград, те сакам! Ретки се моментите кога некој останува без зборови, ова е еден од нив. Јас сум пресреќен. Најпрво сакам да им честитам на фантастичните кошаркари и да им се заблагодарам што прифатија да бидам дел од овој спектакл. Ова е остварување на сонот на едно момче, бидејќи како мал присуствував на собири на кои се славеа фантастичните успеси на кошаркарите. Сум бил на балкон неколку пати, но никогаш вака. Ниту еден спортски народ во светот го нема овој дух што го имаме ние, да живее Србија!“, порача Новак Ѓоковиќ.

Новак Ѓоковиќ
Новак Ѓоковиќ