ФОТО | СЦЕНА КОЈА ГО ОБИКОЛИ СВЕТОТ – Нејмар седи на клупа и гледа како неговиот тим го ‘уништува’ Ал Ријад во дербито на Саудиска Арабија

Бразилецот Нејмар од клупата го започна дербито на Саудиска Арабија во кое неговиот Ал Хилал беше домаќин на Ал Ријад.

Нејмар влезе на половина од вториот дел и успеа да му асистира на Малком за четвртиот гол на Ал Хилал во 83. минута.

Ал Хилал со победата од 6:1 го зазеде првото место на табелата со 16 бодови од шест натпревари. Шампионот Ал Итихад има помалку бодови.