Еве кое е лицето во кое беше пукано во ,,Ист Гејт”: Се бараше за убиство на фудбалер, бил во Србија, позната е неговата состојба

Раде Трајковски Штекли е еден од двајцата мажи кои денеска беа ранети во трговскиот центар „Ист Гејт“ во Скопје. Во престрелката тешко повреден е Трајковски кој веќе и е познат на полицијата а неговиот живот е во опасност.

Пукањето се случило попладнето, кога Трајковски бил на ескалаторот со уште едно лице.

Ова е вторпат за неколку месеци Трајковски да биде цел на напад. Пред два месеци непознато лице пукало од автоматско оружје кон автомобилот во кој се наоѓал. Тој во таа прилика не беше повреден.

Интересно е што нападот се случил во истиот трговски центар, само што првиот бил во гаражата.

Трајковски и претходно беше поврзуван со убиството на фудбалерот Мартин Јанушев.

Според македонските медиуми, тој потоа побегнал во Србија, од каде бил екстрадиран во Македонија.

Да потсетиме, против Трајковски не беа пронајдени докази и никогаш не му се судеше за ова убиство.