ФОТО | ТАА Е НОВАТА ‘КРАЛИЦА НА БАКШИШОТ’ !? Млада српска пејачка се заканува дека ќе ја собори од тронот и Теа Таировиќ: “Пеев неколку песни и добив 800 евра!“

Српската пејачка Матеа Станковиќ, вели дека е новата „кралица на бакшишот“ и дека ќе ја наследи Теа Таировиќ.

Отидов со моите пријатели на една караоке вечер каде што испеав неколку песни и добив бакшиш од околу 700, 800 евра. Се сеќавам како да беше денес. Тие пари ги оставив бидејќи единствено ми беше важно да се забавувам со моите пријатели. Подоцна поради околности почнав да пеам“, открила Матеа Станковиќ во едно интервју за српските медиуми.

Овој одговор на пејачката ја натерало водителката на емисијата да се пошегува.

Дали си новата кралица на бакшишот ?“, прашала со насмевка Сања Ќулибрк, а Матеа Станковиќ ги изненадила сите со својот одговор и порачала: „Да, можам да се пофалам со тоа. Знам како си ја работам работата и знам дека колегите навиваат за мене. А ако не снимам песна, знам дека секогаш имам работа. Јас не сум од оние луѓе кои доаѓаат на концерт и седат на телефон, јас сум работник!“.

Матеа Станковиќ
Матеа Станковиќ

Би сакала да имам кариера како Теа Таировиќ. Тоа е ритамот што ме движи и имаме слична енергија. Бев на нејзиниот настап, дури имав чест и задоволство да пеам со неа на брод во Виена. Таа е една од ретките што славата ја нема променето. Таа ме советуваше да бидам упорна и да не ги слушам другите. Господ знае какво срце имам и чувствувам дека далеку ќе одам“, открила Матеа Станковиќ.